Centar.mk
СВЕТ

Иранскиот претседател: Ќе ги засилиме нападите врз американски цели, немаме друг избор

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, најави дека Техеран ќе ги засили нападите врз американски цели на Блискиот Исток доколку продолжи притисокот врз земјата.

„Кога сме нападнати, немаме друг избор освен да возвратиме. Колку е поголем притисокот врз нас, толку нашиот одговор природно ќе биде посилен“, изјави Пезешкијан.

Тој додаде дека Иран нема да попушти пред закани или притисоци.

Пезешкијан нагласи и дека државите од чија територија биле извршени напади врз Иран ќе добијат одговор.

Во исто време, иранскиот претседател изјави дека Иран сака добри односи со соседните земји и ги повика државите во регионот да не дозволат конфликтот да ги сврти една против друга./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Турскиот опозициски лидер оди на суд: се соочува со 2.430 години затвор

C +

Експерти: САД влегуваат во војна во Иран без цел или стратегија

C +

(Видео) Американската војска уби шестмина во Пацификот: „Патувале по шверцерски рути“

C +