Centar.mk
РЕГИОН

Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади

Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.

Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.

Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.

Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија

C +

Руското влијание останува закана: САД предупредуваат на нестабилност на Западен Балкан

C +

Реалната цена на дизелот е 250 динари, вели Вучиќ

ДЕСК