Соопштение на ТИТАН УСЈЕ:
ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении, придонесувајќи за националниот развој, локалната економија и снабдувањето со основни материјали за клучни инфраструктурни објекти, вклучувајќи болници, брани, патна и јавна инфраструктура.
Грижата за животната средина е основна вредност за ТИТАН Усје. Свесни сме дека заштитата на животната средина и квалитетот на воздухот предизвикуваат загриженост кај граѓаните и во нашето општество како целина. ТИТАН Усје внимателно ја следи јавната дебата, ги сфаќа сериозно овие проблеми и дава транспарентен придонес кон нивно решавање.
Работиме целосно во согласност со сите важечки закони, подзаконски акти и барањата на нашата А – Интегрирана еколошка дозвола – честопати применувајќи внатрешни стандарди кои се и построги од законските обврски. Нашите емисии континуирано се мерат преку 24-часовен независен мониторинг, со податоци јавно достапни и редовно доставувани до надлежните органи и до медиумите. Редовните и ненајавените инспекции од страна на надлежните тела не констатираат никакви надминувања на законските лимити.
Како членка на Групацијата ТИТАН, се придржуваме до најдобрите меѓународно признаени практики и ESG стандарди, покажувајќи ја нашата долгорочна посветеност и одговорност кон заштитата на животната средина, вклучувањето на заедницата и модерното корпоративно управување.
Во текот на изминатите петнаесет години, инвестиравме повеќе од 29 милиони евра во одржливо производство и напредни еколошки технологии, а дополнителни 3 милиони евра се планираат до 2029 година.
Нашите приоритети остануваат јасни – силни партнерства, благосостојба на вработените и континуирана поддршка за заедницата.


