Centar.mk
stab, shtab
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Сè е договорено, Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

Соопштение на СДСМ – интегрален текст:

На граѓаните им веќе јасно и знаат сè.

Разоткриенo е секое делче од договореното сценарио и политичките дилови со кои се урна правата држава.

Режирана претстава на границата. Со наочари, насмевка, лисици. Фалеше уште црвен килим за Груби.

Смислено сценарио и пречек со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола ВМРО преку Орбан.

Потоа крешендо со одредување куќен притвор од обвинителството и сдуството под контрола на ВМРО-ОКГ.

И на крај целосно разобличување.

Обвинителството соопшти дека МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка дека Груби „не бил безбеден“ во „Шутка“, па затоа предложиле куќен притвор.

Излезе директорот на затворот Шутка, го демантираше Обвинителството. Јавно рече дека ниту МВР ниту АНБ не се обратиле и не побарале мислење.

Нема подобра потврда од ова дека сè е договорено и дека јавноста само се лаже.

Сè е договорено.

Можеби ваквите сценарија им поминуваа со години наназад, но повеќе не поминуваат – разоткриени се.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +