Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче денеска реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.

„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања.

Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“.

Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција.

ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ.

Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан.

Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот!

Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние?

Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски.

Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор.

Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност.

Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски.“ стои во реацијата на претседателот Филипче.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОАЃА ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски: Немаат кредибилитет од СДСМ да зборуваат за минимална плата, кога тие беа власт станаа познати по корупцијата и криминалот

ДЕСК

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

ДЕСК