Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Зајакнувањето на критериумите за напредување во наставно-научните звања е клучно за повисок квалитет на високото образование

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денес присуствуваше на традиционалното закројување на лозјата што го организираше Факултетот за земјоделски науки и храна по повод празникот Свети Трифун. На настанот беше промовиран проект за модернизација и одржливост преку дигитално земјоделство, а беше претставена и дигитална опрема набавена преку проектот кој е поддржан од Центарот за меѓународна соработка и развој на Словенија.   

„Неопходно е забрзано да работиме во сите сфери, особено во високото образование, затоа што тоа е основата за повисок економски раст, за технолошки напредок и општествен развој. Само со силни универзитети и продуктивна наука можеме да изградиме модерна држава што ќе се развива и ќе биде рамноправен дел од глобалната заедница“, рече министерката Јаневска во обраќањето, посочувајќи дека со пакетот закони за високото образование, кој е во процедура, се поставуваат јасни правила за работа на универзитетите, со цел да се обезбеди квалитетна и релевантна наука, одговорни професори и резултати корисни за општеството. 

Зајакнувањето на критериумите за напредување во наставно-научните звања во високото образование е клучен чекор за обезбедување повисок квалитет на наставата и науката.

„Наставниот кадар, професорите се тие кои треба да инспирираат извонредност кај студентите што ги слушаат и гледаат. Нивниот квалитет се мери преку публикациите во списанијата со импакт фактор. Ова е светски стандард. Позиционирањето на  универзитети на Шангајската листа е цел што ја има секоја држава и секој универзитет. Немаме време за просечни резултати и половични решенија. Затоа и предност при вработување на универзитетите ќе имаат најдобрите студенти. Така ќе изградиме квалитетен подмладок кој ќе ја зајакне науката и ќе биде двигател на иднината на државата“, рече министерката Јаневска. 

Со желба за богат род, министерката Јаневска го честиташе празникот, посакувајќи да донесе здравје, бериќет и заедништво. На раководството на Факултетот за земјоделски науки и храна му порача во иднина уште поинтензивно да работи на истражувања и научна работа и час поскоро да ја реализира идејата за основање на иновациски хаб кој ќе помогне во унапредување и дигитализација земјоделството.  

 

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК