Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Димитријевиќ: Власта нема допир со реалноста како живее едно семејство, арогантно одбива да ги покачи платите

-Оваа Влада нема допир со реалноста како живее едно просечно македонско семејство и не чувствува што значи да се преживее месецот со платата што денес ја зема македонскиот работник и одбива да ги покачи платите, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, во емисијата „Мит или вистина“ на Слободен печат.

Додека власта наоѓа пари за тендери и непродуктивни трошоци, за зголемување на минималната плата секогаш вели дека „нема пари“.

„Ако земеме предвид дека во јануари 2026 година потрошувачката кошничка за едно просечно македонско семејство изнесуваше 66 илјади денари, а минималната плата е некои 23-24 илјади денари, јасно е дека со две минимални плати, па и просечни, едно македонско семејство нема теорија да го преживее месецот“, нагласи Димитријевиќ.

Тој посочи дека сите трошоци се покачени, струјата, парното, основните прехранбени производи и дека е потребна политичка интервенција за зголемување на минималната плата.

„Доволно е да отидете во продавници да видите колку една илјадарка вреди, што може да купите. Доволно е да излезете на улица, доволно е месечните сметки да ги платите со сите овие покачувања. Синдикатите со право бараат покачување, а Владата одбива да разговара со нив. Видовме еден класичен пристап на премиерот, каде што арогантно одбива да разговара со нив и нема чувство дека тоа е потребно“, рече генералниот секретар на СДСМ.

Во однос на предлог-законот за минимална плата од 600 евра, кој го поднесе СДСМ, тој истакна дека се направени сериозни пресметки и дека средствата може да се обезбедат со кратење на непродуктивните трошоци.

„Тоа би значело малку да скратат на тендерите, да скратат на непродуктивните трошоци, малку да скратат на шетањето коешто туристички го прават низ светот, а не носат ништо за државата, и ќе има за достоинствена плата на работникот“ рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, во гостувањето на „Мит или вистина“ на Слободен печат.

Можеби ќе ве интересира

Утре врнежи од дожд а на планините снег

C +

Министерството за дигитална трансформација и VISA потпишаа Меморандум за соработка

C +

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +