Centar.mk
stab, shtab
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Соопштение на СДСМ – интегрален текст:

Нападите врз предметите на СЈО и црната кампања преку мадиумите на Орбан во Македонија се дел од организирана политичка операција за враќање на Никола Груевски и уривање на правниот поредок.

Станува извесно дека блискиот сојузник на ВМРО, Виктор Орбан, може да се соочи со пораз на изборите во Унгарија. Оваа нова реалност ја гледа и самиот Груевски.

Наместо да ја отслужува казната во Идризово, ВМРО му подготвува враќање на осудениот криминалец во Белата палата.

Така изгледаат „реформите“ во ВМРО: нема повеќе потпретседатели, сите се тргнати лично од Мицкоски. Се расчистува патот за еден човек – за враќање на поранешниот лидер, додека Мицкоски е само чувар на фотелјата.

Клучниот чекор во ова сценарио е систематскиот напад врз Специјално јавно обвинителство и врз пресудите што произлегоа од неговата работа. Преку орбановата медиумска мрежа во Македонија, веќе се води црна кампања.

Целта е јасна: дискредитација на предметите, релативизирање на пресудите и подготовка на терен за нивно поништување.

Станува збор за организиран обид да се избрише одговорноста за криминалот на поранешната власт и бегалецот да се претстави како жртва.

Истовремено, се носат решенија во правосудството спротивни на европските препораки, се презема целосна контрола врз судството и обвинителството. Сè со една цел – да се обезбеди безбеден терен за враќање на „газдата“.

Ова е директен напад врз владеењето на правото, врз правдата и врз европската перспектива на државата.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

Герасимовски: Центар се грижи за најранливите, продолжуваме со бесплатниот транспорт за лицата со попреченост

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +