Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на движењата во туризмот, колку допринесува тој за економскиот развој, каква беше 2025 година и очекувањата од 2026 година, изјави:
„Туризмот е еден од нашите приоритети. Минатата 2025 година, според бројките коишто ги објави Државниот завод за статистика имаме зголемен број на туристи, некаде над 6%. Но, она коешто посебно охрабрува е што е зголемен бројот на странски туристи над 10%, таа е двоцифрена бројка. Се ближиме на бројката од три и пол милиона преноќувања, што исто така претставува многу значаен податок. Оваа година повторно имаме организирани групи, повторно како Влада сме проактивни и работиме. И јас очекувам повторно двоцифрен број на раст кај странските туристи и генерално очекувам 2026 да имаме раст на бројот на туристи во Македонија. Работиме паралелно и во поддршка на изградба и надградба и реновирање на постоечките туристички сместувачки капацитети и угостителски капацитети. Целата наша е да дојдеме до, ако е возможно тоа, до пет милиона преноќувања во Македонија, нешто коешто ќе претставува историски рекорд. Е сега работиме во таа насока. Оваа година, чекор по чекор да дојдеме до три и пол милиона, па потоа и понатаму.“
Премиерот Мицкоски во однос на очекувањата да се достигне бројката до пет милиона преноќувања во Македонија, истакна:
„Па ако биде сѐ како што треба, не би се изненадил тоа да биде 2028-2029.“


