Centar.mk
фото Влада
СВЕТ

„Брисел ѝ објави војна на Унгарија“: Орбан тврди дека планот за Украина во ЕУ до 2027 е директен напад врз неговата влада

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, остро реагираше по вчерашниот текст на бриселскиот портал Политико, во кој се наведува дека Украина би можела да влезе во Европската унија по принципот „обратно проширување“.

„Официјалното гласило на бриселската елита, Политико, го објави најновиот воен план на Брисел и Киев, планот од пет точки на Зеленски. Тие одлучија Украина да биде примена во Европската унија веќе во 2027 година“, наведе Орбан на платформата Икс.

Тој додаде дека таквиот нов план претставува отворена објава на војна кон Унгарија.

„Тие ја игнорираат одлуката на унгарскиот народ и се решени да ја отстранат унгарската влада со сите неопходни средства. Сакаат Партијата Тиса да дојде на власт, бидејќи тогаш повеќе нема да има вето, нема да има отпор и нема да има држење настрана од нивниот конфликт“, напиша Орбан и на крајот додаде:

„Овој април, на избирачките места, Унгарците мора да ги запрат. Фидес е единствената сила што стои меѓу Унгарија и бриселската власт и единствената гаранција за унгарскиот суверенитет“, порача Орбан./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Фон дер Лајен: ЕУ треба да ги поедностави регулативите

C +

ЕУ одобри 90 милијарди евра за Украина

C +

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

C +