Centar.mk
фото Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање

Комуналните инспектори и редари на Општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.

На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Центар.

Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А.

Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот.

По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд.

„Редот се спроведува доследно и без исклучоци. Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и
зелените површини ни се приоритет“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат правилата и да придонесат за подобра урбана и животна средина.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +

Димитријевиќ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со 5 тони дрога

C +