Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО е заробена партија

ВМРО денеска е заробена партија којашто функционира како приватна фирма со еден газда – Христијан Мицкоски. Со последниот потег, Мицкоски ги отстрани сите потпретседатели и целосно ја укина внатрепартиската рамнотежа, велат од СДСМ.

„Муцунски, Николовски, Мисајловски и Кочовска – сите се отстранети. Мицкоски воспостави авторитарен модел на владеење, во кој сè зависи од еден човек и секоја одлука се носи исклучиво од него.

Наместо реформи, ВМРО е како фирма за приватен бизнис, каде што сè е подредено на заштита на тесни интереси и приватни зделки преку тендери. Да може и непречено да тече шверц на дрога преку граница.

Така денес е поставена ВМРО: отстранети потпретседатели, ставени најблиските луѓе на Мицкоски – едниот задолжен за организација и контрола на тендери, другиот за контакти и соработка со служби.

Заробена партија. Затворен систем за контрола, моќ и бизнис-зделки.“ – се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК