Centar.mk
СВЕТ

Шведска и Данска испраќаат мобилни системи за противвоздушна одбрана на Украина во вредност од 250 милиони евра

Шведска и Данска се обврзаа да испорачаат мобилни системи за противвоздушна одбрана Tridon Mk2 на Украина, во вредност од 2,6 милијарди круни (250 милиони евра).

„Ова е платформа способна за соборување на крстосувачки ракети со долг дострел и дронови, способност што им е потребна на Украинците поради зголемените можности за удар со долг дострел на Русија“, рече шведскиот министер за одбрана Пол Џонсон.

Тој нов систем, развиен „со рекордно темпо, беше адаптиран врз основа на лекциите научени на бојното поле“, додаде Џонсон.

Според експертите, овој 40-милиметарски самооден противвоздушен топ „е способен да се бори против сè, од дронови и крстосувачки ракети до авиони и оклопни возила“, објавија француските медиуми./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп сака до Денот на независноста да ја запре војната во Украина

C +

Лидерите на ЕУ во Киев на годишнината од војната; Зеленски: Путин не успеа да ги постигне целите

C +

Зеленски: Путин веќе ја почна Третата светска војна

C +