Centar.mk
-БИЗНИС

СДСМ: Владата на Мицкоски да најде пари за 600 евра минимална плата за работниците

Не може да има пари за криминални тендери а да нема за работниците, велат од СДСМ.

„Наместо изговори за да не ги покачи платите, Владата на Мицкоски да обезбеди пари за зголемување на минималната плата за 600 евра.

Македонија денес има најниска минимална плата во регионот и во Европа. Последиците веќе се гледаат. Квалификувани работници од Македонија на големо заминуваат во странство, младите се иселуваат, а кај нас се увезуваат „економски работници“.

За време на владеењето СДСМ парите завршуваа кај граѓаните, ја зголемивме минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари а просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари.

Имајќи ја предвид сè потешката економска положба на работниците и барањата на Сојузот на синдикатите, СДСМ подготви нови законски решенија за: зголемување на минималната плата на 600 евра и замрзнување на платите на функционерите.

Еве законско решение на маса, сега ќе се види кои партии ќе бидат на страната на работниците а кои ќе останат на страна на тендерите.“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Костадиновска-Стојчевска од Стразбур: Пост-мониторингот заврши, но потребни се уште многу тешки реформи

ДЕСК

Одговорноста е твоја најголема добивка

ДЕСК

Минималната плата во ЕУ: од 620 евра во Бугарија до 2.704 евра во Луксембург, според последните статистики

ДЕСК