Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни пораки во име на директорот на БЈБ и од Единицата за сајбер безбедност

Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, во која се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен емаил бидејќи наводно примачот на пораката е предмет на кривични истраги за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, како детска порнографија, педофилија и трговија со дрога.

Според МВР, целта е примачот на пораката да се регистрира преку мејл и да ги даде неговите лични податоци.

МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на БЈБ – МВР ниту од одделението за сајбер криминал и безбедност.

„Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на граѓаните со цел нивна понатамошна злоупотреба. Покани до граѓаните за истражни постапки од страна на МВР не се испраќаат преку маил и доколку внимателно се прочитаат овие пораки може веднаш да се забележат грешки во текстот во однос на тоа дека е направен со лош превод на интернет со тоа и смислата на содржината на пораката насочува дека е сомнителна поточно измама“, велат од МВР.

Од таму апелираат на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, да не се контактира испраќачот и никако да не се споделуваат личните податоци кои ги бараат измамниците.

Исто така, МВР ги предупредува граѓаните да не отвораат линкови и датотеки кои се испратени во прилог на било која електронска порака која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на нивниот компјутерски систем од малициозен софтвер./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СЕКОЈА ГЕНЕРАЦИЈА ТРЕБАШЕ ДА ЖИВЕЕ ПОДОБРО ОД ПРЕТХОДНАТА – Дали го прекршивме најважното економско ветување?

ДЕСК

ПОЛИЦИСКА КОНТРОЛА ВО ОХРИД – Во угостителски објект затекнати руски државјанки

ДЕСК

НЕДЕЛА СО СНЕГ И СЕВЕРЕН ВЕТЕР – Температурите во Македонија ќе се движат од минус 3 до 6 степени

ДЕСК