Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК