Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Облачно и студено време, од утре внрежи од снег

Утрото ќе биде малку до умерено облачно и студено, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени, информира УХМР.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Утре преку денот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег.

Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК