Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција порача дека фокусот мора да се врати на суштинските приоритети на граѓаните.

„На граѓаните им е потребен подобар живот, повисок стандард, повисоки плати, повисоки пензии, добра иднина, пат кон Европа, за тоа треба да зборуваме, тоа е политика“, рече Филипче.

Тој истакна дека секојдневно е изложен на јавен линч, груби лаги, манипулации и црна кампања, кои немаат никаква врска со реалните проблеми на граѓаните.

„Секој ден сум предмет на јавен линч преку груби лаги и постојана црна кампања и манипулации“, рече Филипче, потенцирајќи дека овие напади ги поминуваат сите можни граници и најави дека правдата ќе ја бара преку суд.

Филипче нагласи дека ваквите конструкции се користат за дефокус од суштинските прашања со кои се соочува државата.

„Нема одговор на вистинските прашања за дупката во буџетот од 2 милијарди евра, за тоа што нема пари да се зголемат платите и пензии, за мигрантите, за црниот капитал преку АЛТЕ банка, за корумпираните тендери, постапки насекаде во државата“, изјави Филипче.

Филипче предупреди дека ваквото владеење ја оддалечува државата од европските вредности и создава чувство на одбивност кон политиката кај граѓаните.

„Оваа криминална власт доведе до тоа, да од политиката на сите да им се гади“, рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +

СДСМ: Започна, доаѓаат „економски работници“

C +