Centar.mk
фотографијата е генерирана со AI за потребите на Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес од Албанија почувствуван во Охрид и Струга

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска во 11 часот и 28 минути регистрира земјотрес со епицентар во соседна Република Албанија, на околу 155 километри југозападно од Скопје.

Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математички факултет, земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда од ML 3,8.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, потресот бил почувствуван во Охрид, Струга и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Од Сеизмолошката опсерваторија апелираат граѓаните кои го почувствувале земјотресот, за потребите на сеизмолошките истражувања, да го пополнат прашалникот за почувствуваност на официјалната интернет-страница на опсерваторијата или да се јават на бројот 112./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК