Centar.mk
БИЗНИС

Зголемени цените на станбените недвижности во ЕУ

Во третиот квартал од 2025 година, цените на станбените недвижности, мерени според индексот на цени на станбени недвижности, се зголемија за 5,1 процент во Еврозоната и за 5,5 проценти во Европската Унија во споредба со истиот квартал од претходната година.

Во споредба со вториот квартал од 2025 година, цените на станбените недвижности се зголемија за 1,6 проценти и во Еврозоната и во Европската Унија, објави Европската канцеларија за статистика.

Меѓу земјите-членки за кои се достапни податоци, една земја забележа годишен пад на цените на станбените недвижности во третиот квартал од 2025 година, додека дваесет и пет земји забележаа годишен пораст.

Падот е регистриран во Финска (3,1 процент), додека најголем раст е забележан во Унгарија (21,1 процент), Португалија (17,7 проценти) и Бугарија (15,4 проценти).

Во споредба со претходниот квартал, цените се намалија во пет земји-членки, а се зголемија во дваесет и една земја-членка.

Најголем пад е забележан во Луксембург (3,1 процент), Финска (2,2 проценти) и Словенија (1,1 процент), додека најголем раст е постигнат во Латвија (5,2 проценти), Словачка (4,9 проценти) и Португалија (4,1 процент)./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Тему итно повлекува еден продукт: Проверете дали го имате нарачано ова дома

ДЕСК

Се токмат нови цени на бензините во Македонија – Какви цени да очекуваме?

ДЕСК

Добра вест: Мицкоски најави намалување на цените на бензинот и дизелот

ДЕСК