Centar.mk
СВЕТ

Поранешен израелски командант: Режимот во Иран ќе падне, наскоро ќе видиме голем американски напад

Пензионираниот бригаден генерал на израелската армија и претседател на Израелскиот форум за одбрана и безбедност (ISDF), Амир Авиви, процени дека режимот во Иран ќе падне и дека САД наскоро ќе интервенираат, пишува денес израелскиот весник „Џерусалем пост“.

„Денес можам да кажам нешто што не можевме да го кажеме пред еден месец: овој режим паѓа. Нема да има ирански режим и ова целосно ќе ја промени иднината на Израел“, рече Авиви на конференцијата доцна синоќа.

Авиви додаде дека очекува голем американски напад врз Иран.

„И навистина, мислам дека во многу блиска иднина ќе видиме масовен американски напад, со помош на Израел и демонстрантите. Мислам дека овој режим нема шанси и ќе падне“, рече претседателот на ISDF, невладина организација која собира десетици илјади резервни офицери и оперативци од сите гранки на израелските безбедносни сили./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

САД го разгледуваат новиот предлог од Техеран, Трамп вели: Тешко дека ќе го прифатиме

C +

(Видео) Украина погоди два руски танкери од „флотата во сенка“, објави Зеленски

C +

Зеленски воведе санкции против поранешниот шеф на кабинетот: Му замрзна имот и одзеде одликувања

C +