Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Коста Костадинов го одмрзна членството во СДСМ

По доволно поминато време и по донесена лична одлука, одлучив да го одмрзнам моето членство во СДСМ, напиша Коста Костадинов.

– Сакам јасно да нагласам дека останувам зад сите мои претходни ставови и позиции по однос на бројни прашања од јавен интерес и дека овој чекор не значи нивно менување или повлекување.

Во овој момент не најавувам никаква форма на активен ангажман, туку стојам на располагање, со почит кон партијата, нејзините вредности и секој член поединечно.

Единството бара подавање рака, држење до принципи и искрени разговори во имe на секој еден социјалдемократ, напиша Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

C +

Утре сончево време со температура до 16 степени

C +

Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

C +