Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како и Стара нова година, која почнува утре на Василица.

Во Македонија, Василица многумина ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот именден.

Некои семејства, повеќе во западниот дел на Македонија, кршат погача со паричка. Се верува дека на оној што ќе му падне, му претстои среќна и исполнета година.

По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија./Извор:Мakfax

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК