Centar.mk
СВЕТ

Последно предупредување – Трамп штотуку се огласи во јавноста за Иран!

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва ги предупреди сите земји што работат со Иран дека ќе платат царина од 25 проценти за сите работи со САД во иднина.

„Стапува веднаш! Секоја земја што работи со Исламската Република Иран ќе плати царина од 25 проценти за сите работи што ги прави со Соединетите Американски Држави. Оваа наредба е конечна и конечна. Ви благодарам за вашето внимание на ова прашање“, напиша Трамп на својот профил на социјалната мрежа Truth.

Протестите против властите во Иран продолжуваат веќе неколку дена, а ескалацијата доведе до сериозни човечки загуби. Според Иранската организација за човекови права (IHRNGO) со седиште во Норвешка, најмалку 648 лица загинале во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили.

Иранската влада во меѓувреме прогласи тридневна национална жалост за жртвите и одржа контра-собир во Техеран, каде што директно ги посочи Соединетите Американски Држави и Израел како фактори што, според нив, стојат зад немирите.

Од Вашингтон, пак, Белата куќа порача дека Доналд Трамп ја става дипломатијата на прво место, но истовремено нагласи дека не е исклучена ниту опцијата за употреба на смртоносна сила против иранскиот режим.

Можеби ќе ве интересира

Велика Британија би можела да испрати илјадници дронови на Блискиот Исток

C +

Иран тврди дека врховниот лидер Хамнеи е добро и ја контролира ситуацијата

C +

Украинец во Риека со измама зел речиси 100.000 евра од тројца пензионери со приказна за итна операција

C +