Centar.mk
РЕГИОН

Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија

Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.

Илјадници домаќинства без струја

Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, ​​рече Спасојевиќ.

Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.

Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.

Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија./Извор:Makfax

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови

C +

Поплави во Херцеговина: куќи под вода, нивото на реките продолжува да се зголемува

C +

Снегот во Сараево сруши дрво врз жена: од повредите почина

C +