Centar.mk
СВЕТ

Шефицата на Европскиот парламент: Храбри девојки на улиците на Иран, ова е ваше време

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со протестите и покрај жестоката репресија од страна на Исламската Република.

„До храбрите девојки, студенти, мажи и жени на улиците: Ова е ваше време“, напиша Мецола на Икс.

Осврнувајќи се на блокадата на интернет во Иран, таа додаде: „Знајте дека секој режим што ја блокира комуникацијата е режим што се плаши од сопствениот народ“.

„Убивањето мора да престане“

Мецола го повика раководството во Техеран да го промени курсот, нагласувајќи дека достоинството и слободата не се премногу за барање во 2026 година. „Убивањето мора да престане. Невините и прогонуваните мора да бидат ослободени. Репресијата мора да заврши“, напиша таа.

Таа, исто така, ги повика членките на ЕУ да го зголемат притисокот врз Техеран, иако не кажа како треба да се направи тоа, велејќи: „Европа мора да ја разбере својата должност и мора да дејствува“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Американец почина од хантавирус: „Изворот на инфекцијата сè уште се истражува“

C +

Нов Зеланд отпушта 14 проценти од вработените во јавниот сектор поради штедење

C +

Иран објави што сака од САД: укинување на санкциите, крај на блокадата и компензација

C +