Centar.mk
СВЕТ

Зеленски: Енергетската состојба во Украина останува критична по руските напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека во многу региони на земјата енергетската состојба и понатаму е тешка, поради руските напади врз критичната инфраструктура.

„Енергетските работници и екипите за поправки работат ден и ноќ за да го обноват снабдувањето со електрична енергија, греење и вода за луѓето. И ова е навистина монументален напор, кој има големо значење за нашите граѓани, за обнова на нормалниот живот по постојаните руски терористички напади“, рече Зеленски во објава на платформата Икс.

Според него, Русија оваа недела лансирала скоро 1.100 борбени дронови против Украина, повеќе од 890 водени авионски бомби и повеќе од 50 ракети од различни типови, меѓу кои и балистичка ракета со среден дострел „орешник“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Соборените американски авиони ја доведоа во прашање воздушната доминација на Трамп

C +

Француски товарен брод помина низ Ормускиот теснец под иранска контрола

C +

Секој шести Германец откажува или одложува патување поради војната и кризата во светот

C +