Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник

Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори не беше постигната потребната излезност.

Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.

Согласно Изборниот законик, за избор на градоначалник потребно е еден од кандидатите да добие мнозинство од гласовите на излезените гласачи.

Вчера гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.

Државната изборна комисија во текот на денот ќе информира за текот на гласањето и излезноста, а првичните резултати се очекуваат по доставувањето од општинските изборни комисии./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Македонија успешно евакуираше 380 свои и 78 странски државјани, вели Муцунски

C +

Мицкоски порача дека една година по трагедијата во Кочани, институциите се способни да учат од трагедиите

C +

Ние денеска се бориме за вашите плати, а што ќе правите вие?, праша Трендафилов

C +