Centar.mk
СВЕТ

„Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со протестите вечерва и утре и да ги окупираат централните делови на градовите.

Тој ги повика и работниците во транспортниот, нафтено-гасниот и енергетскиот сектор да организираат национален штрајк. Во пораката до демонстрантите, Пахлави ја пофали нивната „храброст и издржливост“ во изминатите денови.

„Ве молам сите вас денес и утре, сабота и недела (10 и 11 јануари), овој пат, од 18 часот, да излезете на улиците со знамиња, слики и национални симболи и да ги преземете јавните простори како свои. Нашата цел повеќе не е само да излеземе на улиците, целта е да се подготвиме за окупација на градските центри“, рече тој на социјалната мрежа X.

Пахлави оцени дека масовното присуство на улиците ја разоткрило кршливоста на безбедносниот апарат на Исламската Република.

Додаде дека се подготвува да се врати во Иран и ќе биде со народот во она што го нарече неизбежна победа на „националната револуција“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран ја изврши првата наплата за премин низ Ормускиот теснец

C +

Синот на последниот шах на Иран: Нејасните пораки на ЕУ за Иран можат да имаат последици

C +

Поранешен шеф на НАТО: Европа мора да стане воено независна од САД

C +