Centar.mk
СВЕТ

Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како големи и сѐ уште се активни. Над 19.000 домаќинства и објекти се без електрична енергија, јавуваат локалните власти.

Пожарот кај Лонгвуд во централната Викторија сега опфаќа површина од 142.421 хектар.

Портпаролката на Државниот контролен центар оцени дека состојбата во тој регион е „многу динамична“, додека силниот ветер, со удари до 50 км/ч, дополнително ја отежнува работата на пожарникарите.

Досега се уништени повеќе од 130 објекти, но се очекува бројот да се зголеми додека спасувачките екипи го проверуваат теренот. Локалните медиуми јавија дека три лица се водат како исчезнати. Квалитетот на воздухот е „лош“ во околу две третини од државата, а делови од чадот стигнале дури и до Нов Зеланд.

Прогнозите за северниот дел на Викторија предвидуваат температури до 46 степени Целзиусови и силни ветрови./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Невреме ја погоди Италија: се урна мост, поплави во неколку региони, спасувачи на терен

C +

Шефот на иранската армија: Ниеден американски војник не смее да преживее во случај на копнена инвазија

C +

Трамп: Целиот свет гледа и не може да поверува колку сме моќни и брилијантни

C +