Centar.mk
Uncategorized

Гласаат немоќните, болните и лицата во затвор на Повторните избори

Гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за Повторните локални избори, сеуште е во тек.

Според податоците пристигнати до Државната изборна комисија до 15.30 мин, од вкупно 94 пријавени лица за гласање во казнено поправните установи, гласале 44 лица.
Од вкупно пријавени 249 болни или немоќни лица за гласање во четирите општини, Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, до 15.30 мин, правото на глас го оствариле вкупно 242 лица. 2 лица гласале во Центар Жупа, 66 болни или немоќни гласале во Маврово и Ростуше, 31 лице во Врапчиште и 143 лица во Гостивар.

До сега гласањето се одвива без проблеми и на секој гласач му е овозможено непречано да го оствари своето право на глас, извести ДИК.

Можеби ќе ве интересира

Ќе му тргне со пари: Втората половина од март носи прилив за еден хороскопски знак

ДЕСК

Полицијата во потрага: Непознат сторител украл производи од маркет во Тетово

ДЕСК

Премиерот Мицкоски утре во посета на Кочани

ДЕСК