Centar.mk
СВЕТ

Руската ракета испалена кон Лавов летала со брзина од 13.000 км/ч

Балистичката ракета што Русија ја употреби за напад врз градот Лавов синоќа се движела со брзина од приближно 13.000 километри на час. Информацијата е објавена на Фејсбук од страна на Западната воздушна команда, пишува „Украинска правда“.

Детали за нападот

Во официјалното соопштение се наведува дека нападот бил извршен врз инфраструктурни објекти.

„Во 23:47 часот на 8 јануари, непријателот извршил ракетен напад врз инфраструктурни објекти во Лавов, користејќи балистичка ракета. Ракетата се движела со брзина од приближно 13.000 км/ч по балистичка траекторија“, се вели во соопштението на Командата.

Тие додадоа дека точниот тип на ракета што се користела ќе се утврди дури по испитување на сите нејзини компоненти./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Стармер ја посети Кина, односите меѓу двете земји се зајакнуваат; Трамп: Она што го прават е многу опасно

ДЕСК

Гутереш: Крајно време е жена да ги предводи Обединетите нации

ДЕСК

Светската здравствена организација бара оданочување на засладените и алкохолните пијалaци

ДЕСК