Centar.mk
СВЕТ

По руските удари, Зеленски повторно бара повеќе противвоздушна одбрана

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, по руските воздушни удари и употребата на ракетата „Орешник“, повторно побара од западните земји да ѝ испорачаат на Украина повеќе средства за противвоздушна одбрана.

„Денешниот удар најсилно ги потсетува сите наши партнери дека поддршката за ПВО за Украина е постојан приоритет“, напиша тој на својот канал на Телеграм.

Во петокот Министерството за одбрана соопшти дека руските сили употребиле ракети „Орешник“ во рамки на масовен удар врз критични објекти во Украина, како одговор на нападот врз резиденцијата на Владимир Путин.

Медиумите известија за серија експлозии во Киев и Лавов. Според градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко, во градот има оштетувања на критичната инфраструктура. Во одделни делови се регистрирани и прекини во снабдувањето со електрична енергија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ШПАНИЈА ВО ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК – Работниците протестираат поради високите трошоци

ДЕСК

АПСЕЊЕ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПОРАДИ СОМНЕЖИ ЗА ШПИОНАЖА – Во фокусот американска воена база

ДЕСК

СИЛНА БУРА ЈА ПОГОДИ ПОРТУГАЛИЈА – Обилни дождови и опасен ветер

ДЕСК