Centar.mk
БИЗНИС

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.

Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.

„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.

Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВА КУРСНА ЛИСТА ЗА 12 НОЕМВРИ – Еве колку ќе вредат еврото, доларот и швајцарскиот франк утре

ДЕСК

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВЛЕГУВА НА СОСТАНОЦИТЕ – Claude ќе подготвува задачи додека разговарате

ДЕСК

APPLE TV СО ВАЖНА НОВИНА ЗА ГЛЕДАЧИТЕ – Знаковен јазик директно во филмовите

ДЕСК