Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

ДОАЃА СНЕГ НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА: Метеоролозите најавуваат драстична промена на времето – објавена е четиридневната прогноза

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер (над 60км/ч.). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, при што висината на снежната покривка на планините ќе се зголеми за 20 см, а во останатите места од 5 до 10 см. Локални врнежи од снег ќе има и во недела, кога ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник. Од почетокот на следната седмица наместа утринските температури ќе се спуштат и под -10 степени, а дневните ќе се задржат под нулата.

Во Скопје, утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат само од снег. Локални врнежи од снег ќе има и во недела, кога ќе дува засилен северен ветер.

Прогноза за 11.01.2026
Минимална температура: -5°C до 2°C
Максимална температура: -3°C до 6°C

Променливо облачно и студено со повремени локални врнежи од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарјето засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).

Прогноза за 12.01.2026
Минимална температура: -12°C до -4°C
Максимална температура: -6°C до 3°C

Променливо облачно и студено со умерен, а долж Повардарјето и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Наместа ќе има услови за провејување на снег.

Прогноза за 13.01.2026
Минимална температура: -13°C до -6°C
Максимална температура: -1°C до 7°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?

ДЕСК

НОВИ РЕСТРИКЦИИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: Ќе се забрани пушење по кафулиња, ресторани, но и во вашиот автомобил – електронските цигари на исто ниво со нормалните

ДЕСК

Лишени од слобода двајца малолетници од Скопје, не застанале на полициска патрола, со мотоцикл удриле полициски службеник и агресивно се однесувале при лишувањето

ДЕСК