Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Снегот и штрајковите во Грција прават проблеми: Граничните премини Богородица и Меџитлија затворени за сообраќај, проблеми поради снег кај Ќафасан – еве каде е најкритично на патиштата

Денес 08.01.2026 г. граничниот премин Богородица, односно ГП Евзони од 17 часот ќе биде затворен за сите видови на возила, инфомрира АМСМ.

Поради протест на грчките земјоделци, од денес 08.01.2026 г. со почеток во 10:00 часот на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила во наредните 48 часа заклучно со 10.01.2026 г. во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.

Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Г.П. Ќафасан.

Поради обилни врнежи од снег на патниот правец Тетово – П.Шапка од 09:25 ч се воведува забрана за сообраќај за автобуси, додека за леки коли е задолжителна зимска опрема (синџири).

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Поради обилните врнежи од дожд и честа појава на одрони на патните правци Делчево – М. Каменица – Истибања и Делчево – Пехчево на учесниците во сообраќајот им се препорачува крајно внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината кон условите на патот.

На патниот правец М. Каменица – рудник Саса поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 200 метри.

На магистралниот патен правец А3 Битола – Ресен на самиот влез на градот Ресен поради обилни врнежи од дожд и можно излевање на Голема Река, на учесниците во сообраќајот им се се препорачува крајно внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Исто така на патниот правец Р1307 Царев Двор – Стење поради обилните врнежи од дожд и можно излевање на локалните реки се препорачува крајно внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Можеби ќе ве интересира

Бугарски државјанки осомничени за кражба на банкарски картички и паричници во Скопје

ДЕСК

Викендот носи снежен удар и силен ветер температурите паѓаат под нулата – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Млада скопјанка се наполнила со пари на туѓа мака – еве како измамила повеќе луѓе

ДЕСК