Centar.mk
фото скриншот/МВР
-МАКЕДОНИЈА

Расчистени три кривични дела „измама“ и едно дело „измама“ во обид во Тетово, лишена од слобода 23-годишна скопјанка

По преземени мерки и активности, на 07.01.2026 полициски службеници од СВР Тетово во координација со СВР Скопје и со Единицата за економски криминал – Сектор за општ и насилен криминал при МВР расчисти три кривични дела „измама“ и едно „измама“ во обид, при што во Скопје ја лишиле од слобода А.Ј.(23) од Скопје. Имено, таа на социјална мрежа објавила оглас дека издава станови под наем во Тетово и телефонски ги убедувала да уплатат средства на сметка во една банка или преку возач на автобус да ги пратат во коверт во Скопје. Исто така, таа измамила е едно лице при уплата за резервација во хотел во Охрид. Додека, по остварен контакт со трето лице од Тетово за издавање стан, лицето пријавило во СВР Тетово, кои пак во координација со Единциата за економски криминал, преку возач на автобус испратиле празно плико, а откако таа дошла до возачот била лишена од слобода.

А.Ј. била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случаите против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Министерството за локална самоуправа Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

ДЕСК

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

ДЕСК

Герасимовски: Започна темелна трансформација на просторот на потегот во Градски Ѕид

ДЕСК