Centar.mk
Uncategorized

Обилните врнежи на дожд направија многу проблеми низ Македонија – Каде е најкритично вечерва?

Во Штипско–Кочанскиот регион, поради обилните врнежи е зголемен водостојот на реките и одводните канали. Кочанска река има локално излевање кај село Горни Подлог, каде што интервенира КЈП Водовод Кочани со механизација. Оризарска река има излевање кај село Грдовци, каде што интервенира Водостопанство „Брегалница“, а МВР ПС Кочани врши обезбедување и го регулира сообраќајот. Зрновска река има излевање пред вливот во Брегалница, а состојбата ја следи РЦУК. Злетовска река и Брегалница се со зголемен водостој, но без излевање. На патниот правец Македонска Каменица – рудник Саса, Македонија пат интервенира поради одрон.

Во Охрид, најкритична е состојбата во населбата Далјан по излевање на реката Далја. Интервенираат ЈП Водовод, Нискоградба и Комуналец со механизација, а ТППЕ и ДЗС со пумпи вршат испумпување на водата од поплавените објекти. РЦУК Охрид ги координира пријавите преку 112. Кај Коселска река, во правец на селата Ливоишта и Вапила, ЈКП и ЈП Нискоградба преземаат мерки за заштита на патот.

Во Кичево, поради претходните врнежи, дел од површините се заезерени, а состојбата на поплавените објекти на улица „Прилепска“ е непроменета. ТППЕ, ДЗС и ЈП Комуналец вршат испумпување и обезбедување на теренот, додека Општина Кичево и Црвен крст се грижат за евакуираните лица.

Во Битолскиот регион, во Општина Битола се вршат контроли на терен од страна на РЦУК и општинските служби. ЈКП Комуналец интервенира во населбата Стрчин, Македонија пат расчистува на регионалниот пат Р-2333, а Водостопанство ја следи состојбата на реките Шемница и Црна. Во Ресен и Демир Хисар, ТППЕ, ДЗС, ЈКП и Водостопанство вршат испумпување и заштита на загрозени површини.

Во Куманово, Липково и Крива Паланка, состојбата се следи од РЦУК, општините и Водостопанство. Македонија пат и комуналните претпријатија вршат превентивно посолување и расчистување на ризични патни делници.

Во Тетово, интервенира Општина Тетово со механизација на патиштата кон селото Ѓермо и месноста Бањиче. Во Мала Речица полицијата и инспекциските служби постапуваат по уривање на потпорен ѕид. Во Желино се интервенира по излевање кај Стримница и Палатица. На Попова Шапка, по координација со РЦУК Тетово, приватна фирма со механизација го расчистува патот. Во Гостивар, ЈП Комуналец и Водостопанство преземаат мерки по пријавени излевања.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата удри на повеќе локации во Скопје: Приведени пет лица

ДЕСК

Нова измама на социјалните мрежи – маж “олеснет” за 2.000 евра откако кликнал линк на реклама за наводна странска банка

ДЕСК

Блесна новогодишната елка во Скопје

ДЕСК