Centar.mk
СВЕТ

Министер: 100 луѓе беа убиени во американскиот напад врз Венецуела, повеќето ладнокрвно

Во американскиот напад во кој беше соборен претседателот Николас Мадуро во саботата загинаа 100 лица, изјави синоќа венецуелскиот министер за внатрешни работи Диосдадо Кабељо. Каракас претходно не објави бројка на жртви, но војската објави список од 23 свои жртви.

„Голем дел од безбедносните сили на Мадуро беа убиени ладнокрвно“

Венецуелските власти изјавија дека голем дел од безбедносниот контингент на Мадуро беше убиен „ладнокрвно“, а Кубанците тврдат дека 32 припадници на нивните воени и разузнавачки служби во Венецуела исто така биле убиени.

Сопругата на Мадуро, Силија Флорес, која беше приведена со него, претрпе повреда на главата за време на американската операција за апсење на венецуелскиот претседател, а Мадуро ја повреди ногата, рече Кабељо.

Привремената венецуелска претседателка Делси Родригез, која Кабељо ја пофали како храбра за време на неговата неделна емисија на државната телевизија, вчера прогласи недела жалост за припадниците на војската убиени во нападот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски предложи САД да го киднапираат Кадиров, стигна одговор од Чеченија

C +

Трамп: Венецуела од профитот од нафтата ќе купува само американски производи

C +

Сикорски: Варшава е отворена за распоредување германски трупи во Полска

C +