Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Лишени од слобода четири возачи во виничко, Македонска Каменица, Пробиштип и Гевгелија, управувале возила под дејство на алкохол, а возачот во виничко предизвикал и сообраќајна незгода

На 07.01.2026 во 20:20 часот на локален пат во с.Блатец, виничко, кај место викано „Стопанство“, полициски службеници од ОВР Виница лишија од слобода маж(43) од с.Блатец. Претходно, тој со патничко возило „ауди“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот. При преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,38 промили алкохол во крвта.

На 08.01.2026 во 01:42 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица лишија од слобода маж(19) од с.Саса, општина Македонска Каменица. При сообраќајна контрола на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат пунто“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,15 промили алкохол во крвта.

На 08.01.2026 во 02:11 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип лишија од слобода маж(49) од Пробиштип. При сообраќајна контрола на ул.„Јордан Стојанов“ во Пробиштип е сопрено патничко возило „фолксваген тигуан“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,74 промили алкохол во крвта.

На 08.01.2026 во 00:31 часот во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија лишија од слобода жена (31) од Богданци. При сообраќајна контрола на крстосница на бул.„Гевгелија“ со ул.Индустриска“ во Гевгелија е сопрено патничко возило „цитроен“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувала и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,68 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

Министерството за локална самоуправа Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

ДЕСК

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

ДЕСК

Герасимовски: Започна темелна трансформација на просторот на потегот во Градски Ѕид

ДЕСК