Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Критично на повеќе локации низ земјава: Евакурани над 100 жители во Кичево – Излеани реки, поплавени куќи и дворови и во Преспа, Охрид, Битола…

Поради обилните врнежи од дожд, локалниот пат помеѓу селата Форино и Тумчевиште, Општина Гостивар, е тешко прооден. За состојбата се известени ЕЛС Гостивар и ПС Чегране, соопшти ЦУК.

Забележано е излевање на Лакавичка река во с. Мало Турчане и на Сушечка река во с. Горна Бањица, Општина Гостивар. За настаните се известени надлежните институции и службите за итно дејствување, кои ја следат состојбата на терен.

Во Општина Охрид евидентирани се поплавени подруми, гаражи и дворови на повеќе локации во градот. Локалната самоуправа и Кризниот штаб на Општина Охрид се известени и постапуваат по пријавите. Реката Далјан е излеана од коритото на повеќе места, при што се поплавени голем број куќи, а службите за итно дејствување се организирани и се на терен.

Во Општина Кичево, на ул. „Прилепска“, поплавени се повеќе стамбени објекти. Извршена е евакуација на околу 100 лица, кои се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. На терен интервенираа екипи на Црвен крст, ДЗС, РЦУК Кичево, ТППЕ Кичево, ЈП Комуналец и Општина Кичево.

На евакуираните лица им се обезбедени храна, вода, кревети, душеци и ќебиња.

Регистрирани се и излевања на Зајашка река во реонот над стадионот „Влазрими“ и новото училиште „Санде Штерјоски“, како и излевање на реката Треска на земјоделско земјиште во атарите на селата Бигор Доленци, Вранешти и околината.

Поради обилните врнежи од дожд е забележано зголемување на водостојот на реките и излевање на повеќе водотеци, при што се поплавени голем број куќи и дворни места. Во 09:00 часот е закажан состанок на Кризниот штаб на Општина Битола, со цел утврдување приоритети и координација на активностите на терен.

Можеби ќе ве интересира

Министерството за локална самоуправа Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

ДЕСК

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

ДЕСК

Герасимовски: Започна темелна трансформација на просторот на потегот во Градски Ѕид

ДЕСК