Centar.mk
БИЗНИС

Инфлацијата достигна 4,1 отсто на годишно ниво, а во декември поскапеле транспортот, рестораните, здравствените услуги, рестораните…

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, изнесуваше 0.4 %, соопшти Државниот завод за ститистика.

Индексот на трошоците на животот во 2025 година, во однос на 2024 година, бележи пораст од 4.1 %, а индексот на цените на мало од 3.6 %.

Движењето на индексот на трошоците на животот во 2025 година беше различно кај одделни групи на потрошувачката.
Пораст на индексите е забележан во сите групи: Ресторани и хотели за 7.2 %, Рекреација и култура за 6.4 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5.9 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 5.2 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 4.6 %, Разновидни стоки и услуги за 3.7 %, Облека и обувки, Здравје за 3.1 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 1.8 %, Комуникации за 1.3 %, Транспорт за 0.8 % и Образование за 0.1 %.

Зголемувањето на инфлацијата во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 5.8 %, Рекреација и култура за 0.8 %, Здравје за 0.7 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5 %, Ресторани и хотели за 0.4 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.2 %, Разновидни стоки и услуги, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.

Во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 0.4 % и Облека и обувки за 0.2 %.

Трошоците на животот во групите: Образование и Комуникации остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на трошоците на животот во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, бележи зголемување од 4.1 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.7 %.

Индексот на цените на мало во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, изнесуваше 101.9. информира ДЗС.

Можеби ќе ве интересира

Рудник САСА и годинава, по традиција, обезбеди празнична поддршка за вработените и локалната заедница

ДЕСК

Предности и поволности на новата Халки картичка за деца

ДЕСК

БОЖИЌЕН БОНУС ОД 5.000 ДЕНАРИ: Среќна вест за речиси 1000 вработени на можеби најголемиот ланец маркети во Македонија

ДЕСК