Centar.mk
фотографијата е генерирана со AI за потребите на Centar.mk
СВЕТ

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди западна Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди регионот Чугоку во западна Јапонија во вторник наутро, по што следеа низа силни потреси, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Епицентарот на првиот земјотрес беше во источната префектура Шимане, соопшти агенцијата, додавајќи дека нема закана од цунами. „Чугоку Електрик Пауер“, која управува со нуклеарната централа Шимане, на околу 32 км оддалеченост, соопшти дека работењето на нивниот блок број 2 продолжува како и обично.

Јапонската комисија за регулирање на нуклеарната енергија соопшти дека немало неправилности по земјотресот. Вториот блик беше рестартиран во декември 2024 година, прв пат откако сите нуклеарни централи во Јапонија беа затворени по катастрофата во Фукушима во март 2011 година.

Земјотресот имаше сеизмички интензитет од 5 степени според јапонската скала од 1 до 7, доволно силен за да го отежни движењето без поддршка. Железничкиот превозник „Вест Јапан Рејлвеј“ објави дека по земјотресот, сообраќајот на брзи возови е суспендиран на погодените делови./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Орбан: Пред нас е глобална трансформација; Унгарија и Брисел немаат ист пат

C +

Министрите на Германија, Франција и Полска на состанок за поддршка на Украина

C +

Мерц му порача на Зеленски: Младите Украинци да ѝ служат на својата земја, а не да бегаат во Европа

C +