Centar.mk
СВЕТ

Лидерката на опозицијата во Венецуела ја пофали акцијата на Трамп: „Голем чекор за човештвото“

Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо, која минатата година помина месеци криејќи се, изјави дека е благодарна за акцијата на Доналд Трамп во Венецуела, нарекувајќи ја „џиновски чекор за човештвото, за слободата“.

Таа го пофали американскиот претседател Доналд Трамп за апсењето на авторитарниот лидер Николас Мадуро.

„3 јануари ќе остане запишан во историјата како ден кога правдата триумфираше над тиранијата“, изјави Мачадо за „Фокс њуз“ синоќа.

„Ова е пресвртница“, рече таа во видео клип од интервјуто што го сподели на платформата Икс, додавајќи дека тоа е значајно не само за венецуелскиот народ, туку „исто така за човештвото, за слободата и човечкото достоинство“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКА ГИ ЗАПРЕ ПОЛЕТУВАЊАТА НИЗ ЦЕЛАТА ЗЕМЈА – Сериозни проблеми во авионските комуникации, FAA воведе вонредна забрана поради безбедноста

ДЕСК

ЕВРОПСКАТА БЕЗБЕДНОСТ ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИТЕ ЗА УКРАИНА – Нови разговори по средбите во Абу Даби

ДЕСК

МАСОВЕН НАПАД СО ДРОНОВИ ВРЗ РУСИЈА – Украина употребила речиси 1.200 беспилотни летала

ДЕСК