Centar.mk
СВЕТ

Американскиот министер за одбрана се потсмеваше на руската воздушна одбрана во Венецуела

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ја исмеа ефикасноста на руските системи за воздушна одбрана распоредени во Венецуела откако американските специјални сили спроведоа операција за апсење на Николас Мадуро во Каракас.

За време на говорот посветен на успехот на американските сили, шефот на Пентагон ја истакна слабоста на руската воена технологија. Според него, исклучителниот професионализам на американските војници им овозможил да ја извршат својата задача без пречки.

„Пред три ноќи во центарот на Каракас, Венецуела, видовме речиси 200 од најдобрите американски војници како дејствуваат во центарот на Каракас. Тие руски системи за воздушна одбрана не изгледаа многу ефикасни, нели?“, рече Хегсет.

Операцијата на САД во Венецуела во моментов е една од главните теми во меѓународните безбедносни кругови, а Вашингтон ја користи како доказ за технолошката супериорност на своите вооружени сили над руските одбранбени решенија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКА ГИ ЗАПРЕ ПОЛЕТУВАЊАТА НИЗ ЦЕЛАТА ЗЕМЈА – Сериозни проблеми во авионските комуникации, FAA воведе вонредна забрана поради безбедноста

ДЕСК

ЕВРОПСКАТА БЕЗБЕДНОСТ ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИТЕ ЗА УКРАИНА – Нови разговори по средбите во Абу Даби

ДЕСК

МАСОВЕН НАПАД СО ДРОНОВИ ВРЗ РУСИЈА – Украина употребила речиси 1.200 беспилотни летала

ДЕСК