Centar.mk
СВЕТ

Тајмс: Иранскиот ајатолах подготвил план за бегство во Москва доколку протестите излезат од контрола

Иранскиот врховен лидер Али Хамнеи има подготвен план за бегство од земјата во случај масовните протести да излезат од контрола и безбедносните сили да му ја откажат послушноста, објави британски „Тајмс“, повикувајќи се на разузнавачки извештај.

Според наводите, рутата за бегство од Техеран е веќе испланирана, а како најверојатна дестинација се споменува Москва. Планот би се активирал доколку ајатолахот процени дека армијата и безбедносните структури ја губат контролата или одбиваат да постапуваат по наредбите.

„Тајмс“ наведува дека планот е моделиран по бегството на поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, кој во декември 2024 година ја напушти Сирија и замина во Русија.

Во текстот се посочува дека Хамнеи контролира значителна мрежа на имот и финансиски ресурси, што, според изворите, претставува гаранција за евентуално безбедно заминување./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп сака промена на режимот во Куба до крајот на годината

ДЕСК

Зеленски до Европа: Испративте 40 војници на Гренланд? Тоа е урнебесно

ДЕСК

Tрамп испрати порака до Путин

ДЕСК