Centar.mk
РЕГИОН

Снегот во Сараево сруши дрво врз жена: од повредите почина

Трагедија се случи утрово во населбата Грбавица во Сараево кога дрво падна врз жена. Жената им подлегна на тешките повреди и покрај напорите на лекарите, објавува „Avaz.ba“.

Несреќата се случила во утринските часови кога бор, висок повеќе од 10 метри, паднал врз жената. Таа веднаш била однесена во болница со повреди на главата опасни по живот.

Лекарите не можеле да ѝ го спасат животот и таа починала кратко потоа.

Снегот што паднал во текот на ноќта создал големи проблеми низ цела Босна и Херцеговина, пренесуваат медиумите во регионот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЦРНА ГОРА СÈ ПОБЛИСКУ ДО ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ – Затворени уште две поглавја, вкупно 25 од 33

ДЕСК

СРПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И ПО ВТОРИОТ ДЕН БЕЗ ПРЕТСЕДАТЕЛ – Продолжението е закажано за 19 ноември

ДЕСК

ОТКРИЕН МАСОВЕН КИБЕРУПАД ВРЗ БУГАРСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ – Извлечени податоци еквивалентни на 62 милиони страници

ДЕСК