Centar.mk
-БИЗНИС

ПАДНА ОДЛУКА ВО РКЕ: Горивата поевтинуваат

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 72,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 64,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,848 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 32,801 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИЌЕН БОНУС ОД 5.000 ДЕНАРИ: Среќна вест за речиси 1000 вработени на можеби најголемиот ланец маркети во Македонија

ДЕСК

Трагедија: Паднал од томос, починал на скопските клиники

ДЕСК

Приведувања на две локации во Скопје

ДЕСК