Centar.mk
СВЕТ

Куба вели дека 32 Кубанци се убиени во акцијата на САД: „Тие паднаа херојски“

Кубанската влада синоќа објави дека 32 нејзини граѓани се убиени во операцијата на САД во Венецуела во која претседателот Николас Мадуро беше уапсен,

Хавана вели дека денешниот и утрешниот ден се прогласени за денови на жалост поради тоа. Владата не даде детали освен дека убиените биле членови на кубанската војска и разузнавачките служби.

„Нашите сонародници ја исполнија својата должност со достоинство и херојство и паднаа по жесток отпор во директна борба со напаѓачите или во бомбардирање на објекти“, се вели во соопштението за медиумите.

Куба му помогна на Мадуро да го обезбеди откако дојде на власт, но не е познато колку Кубанци го чувале венецуелскиот претседател.

Мадуро (63) и неговата сопруга Силија Флорес беа заробени од американските сили во саботата во Каракас и префрлени во САД. Мадуро е во притвор во Њујорк и чека судско сослушување во понеделник. Во 2020 година, тој беше обвинет за наркотероризам во САД, што тој упорно го негира./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Европа предупредена да се подготви за глобалното затоплување

C +

Зеленски: Рускиот удар беше насочен кон енергетскиот сектор на Украина

C +

Голем украински напад врз Русија: Гори рафинерија, пет аеродроми затворени

C +