Centar.mk
СВЕТ

Би-Би-Си: Апсењето на Мадуро е опасен преседан за целиот свет

Апсењето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, претставува сериозен преседан во меѓународните односи и удар врз меѓународното право, оценува Би-Би-Си во анализа.

Трамп изјави дека САД привремено ќе управуваат со Венецуела, додавајќи дека не се исклучува ниту испраќање војска. Американските власти тврдат дека операцијата била успешна воено, но експертите предупредуваат дека политичките последици би можеле да бидат катастрофални.

Би-Би-Си потсетува дека претходни американски интервенции со цел промена на режими, како во Ирак и Авганистан, довеле до долготраен хаос. Се предупредува дека и падот на Мадуро може да предизвика насилство, нестабилност и борба за власт во Венецуела.

Кина ја осуди американската акција како кршење на суверенитетот и меѓународното право, а анализата посочува дека ваквиот преседан може да биде искористен и од други светски сили, особено во контекст на Тајван и Украина.

„Откако еднаш ќе се премине оваа граница, правилата што го спречуваат глобалниот хаос почнуваат да се уриваат“, се наведува во анализата на Би-Би-Си./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп сака промена на режимот во Куба до крајот на годината

ДЕСК

Зеленски до Европа: Испративте 40 војници на Гренланд? Тоа е урнебесно

ДЕСК

Tрамп испрати порака до Путин

ДЕСК